Путер од кикирики
Намаз од јаткасти плодови, путер од кикирики, сега е дел и од Местенце категоријата на здрава храна.
100% природен, содржи само печени кикирики. Претставува извор на витамини и минерали како што се магнезиум, фосфор, цинк Б3 и Б6, Е витамини.
Исто така путерот нема додатоци на шеќер.
1 кафена лажичка путер содржи:
Магнезиум – 30mg
Фосфор – 55mg
Цинк – 0,4mg
Витамин Б3 – 2,1mg
Витамин Б6 – 0,1mg
Природниот путер од кикиритки е совршен избор за луѓето кои страдаат од дијабетес. Бидејќи содржи мала количина на јаглени хидрати и оптимална количина на добри маснотии, влакна и протеини, не влијае значително на нивото на гликозата во крвта.
Покрај тоа, содржи магнезиум кој е неопходен за правилно функционирање на телото.
Пред да го консумирате проверете дали сте алергични на некоја од состојките, бидејќи кикиритките се чести алергени.